Бугарите ги рушат државните рекорди во пиење вино

Бугарите испиле 118 милиони литри вино во 2018 година, што е нов државен рекорд.

 

Красимир Коев, кој е извршен директор на Извршната агенција за лозарство и винарство во Бугарија потенцираше дека годинава бугарите значително го надминале годишниот просек на консумирање на вино.
„Обично во изминатите години се консумираа околу 110 милиони литри вино, но годинава имаме драстично зголемување на побарувачката и потрошувачката на вино“ – вели Коев.
Според информациите со кои располага агенцијата, освен домашно вино, во Бугарија во 2018 години се испиле повеќе од 5 милиони литри вино од Аргентина, Чиле, Австралија, Нов Зеланд, како и од светските вински веле сили, Франција, Италија и Шпанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *