Повеќе од седумдесет винарии од Србија, поранешните ју републики, но и од остатокот од светот ќе бидат изложени на годинешното издание на Новосадскиот вински салон кој на 12 и 13 април ќе се оддржи во Хотел Парк во градот под Петроварадинската тврдина.
Второто издание по ред на винскиот салон во Нови Сад, освен можноста да се пробаат различни типови вина, ќе понуди и богата програма на мастеркласови и бројни работилници на кои експерти од сите краеви на светот ќе ги откриваат винските посебности и занимливости.
Новосадскиот вински салон освен што претставува одлична можност на едно место да се дегустираат дел од најдобрите вина на пазарот, за организаторите на настанот е и одлична можност да се сврти вниманието на винската јавност надвор од Белград.