Колекционерите на вино често знаат да искешираат големи суми на пари за одредени вина, кои денес може да се пофалат со статусот на најскапи вина во светот. Последното вино кое го носи овој епитет не е од Бордо, ниту пак од Тоскана, туку од подножјето на Карпатите во североисточна Унгарија. Се разбира, станува збор за светски познатиот бренд Токаји, односно едицијата Токаји Есенција.
Високата цена освен поради врвниот квалитет се должи и на ограничената количина од овие вина, кои ги имат вкупно 18 од реколтата 2008ма, која важи за една од најдобрите.
Едно шише од специјалната реколта од 2008 година произведено во кралската Ројал Токаји винарија се продава по цена од 40.000 долари.