Вршац, српската винска престолнина

Уште од римско време потекнуваат лозовите насади помеѓу Вршачка планина и банатската рамнина, местото каде што и ден денес се прават најквалитетните и најпрефинетите вина во Србија.
Покрај тоа што историјата на производство на вршачки вина има големо влијание врз квалитетот, сепак можеби најголемото влијание го има природното опкружување за кое е тешко да се пронајдат зборови кои совршено ќе го опишат.
Пишаните податоци за вршачките вина потекнуваат уште од 1494 година, кога едно буре вршачко вино наменетно како поклон за унгарскиот крал Ладислав било платено 10,5 форинти.
Вршачкото вино се негува на традиционален начин, во дрвени буриња, што му дава препознатлив и префинет вкус, кој претставува вистински предизвик за љубителите на вино од целиот свет.

vina-2
По некои податоци, овој предел во 19 век бил најголемиот под лозови насади во Европа, простирајќи се на повеќе од 10000 хектари.
Според записите, рекордната берба на грозје е забележана во 1875 година кога се произведени 56 милиони литри вино. Целокупното занаетчиство и земјоделство таа година било насочено кон лозовите насади, па жителите на Вршац морале да увезуваат жито за да се преранат.
Грозјето од квалитетни и врвни сорти и денеска се бере рачно. Во екот на бербата се ангажираат од 800 до 1200 сезонски работници, што само по себе говори за големината на плантажите под лозови насади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *