Зошто жените сакаат чаша вино пред секс?

Загриженоста за изгледот кога ќе ја симнат облеката од себе или за да ја зголемат самодовербата, која е причината поради која најголемиот дел од жените сакаат неколку чаши вино пред да му се препуштаат на задоволството.

Научниците ја истражиле поврзаноста меѓу сексуалните навики и виното, испитувајќи 3000 жени. Тие дошле до заклучок дека 50% преферираат секс откако консумирале алкохол, најчесто вино.

Виното им помага да се опуштат, и во креветот да бидат посамоуверени и посмели. Истражувањето покажало дека 75% од жените непосредно пред секс со партнерот пијат по една или две чашки вино, а 6% никогаш немале секс на трезно. Студијата покажала и дека во просек секоја жена која спиела со 8 мажи, дека барем со 5 од нив спиела под дејство на алкохол. Една од 6 жени признала дека немала храброст ниту самодоверба да се препушти во сексуален однос со партнерот додека е трезна.

Иако сексот е синоним за релаксирана забава, а на забавите секогаш е присутен алкохолот, на жените во кревет сепак им недостига сомодоверба. И тоа е вистинската причина зошто пијат.

“Тоа што алкохолот игра клучна улога во нивниот љубовен живот покажува дека жените бараат некаква поддршка кога е во прашање сексот. И додека многумина тврдат дека консумираат алкохол пред секс, бидејќи тоа е процес на ослободување и на заведување, голем процент ќе одбијат да отидат во кревет без чашка вино. Но, многумина ќе изгубат контрола и тука доаѓа до секс за една ноќ”, се вели во соопштението од истражувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *