Вино и театар, две уметности со многу сличности

Денес, на 27миот ден од третиот месец во годината актерите ширум светот го слават светскиот Ден на театарот, врвната уметност која по многу нешто е слична со процесот на создавање на вино.
Но, не само начинот на подготовка на финалниот продукт кој го консумира публиката, а кој бара толку многу љубов, посветеност, уникатност, истрајност, трпение… се заедничкиот содржател помеѓу двете уметности.

60955814
Виното било, е и ќе биде инспирација за да се напишат стотици претстави, и илјадници реплики, и тоа уште од времето на античката драма. Во исто време, виното е најверниот другар на сите актери кои одлично ја играат животната улога на боеми, и секако прв избор при секоја здравица по аплаузот на публиката.
Антонио Бандерас, Дру Баримур, Емилио Естевез, Френсис Форд Копола, Бред Пит и Анџелина Џоли се само дел помеѓу славните актери од денешницата кои не само што го обожаваат виното, туку и го произведуваат.

ANTA_BANDERAS_S_L_-winery4
И Македонија има своја традиција на спојување на виното и театарот. Само пред неколку години светскиот ден на театарот кој се прославуваше во македонскиот народен театар беше залеан со врвни македонски вина, се разбира на сите оние кои што го сакаат и театарот и виното.
А такви ги имало, и ќе ги има секогаш.
Честит Ден на театарот, и на здравје.

Автор: Душко Стефанов – Боемот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *