Празниците што доаѓаат се време за шампањско, за оние пенливи вина со фасцинантни меурчиња. Шампањското се пие, се обожава, се воспева… за него пишувале и зборувале многу големи имиња на литературата и на уметноста. Тоа е дел од една фасцинација со овој исклучителен тип вино, доведен до совршенство Нова година, празници, прослави, годишнини, матури, дипломирања, свадби, (особено), засидрување бродови, раѓање, добра бизнис-зделка, баханалии… Сетете се само колку пати на филм сте го чуле она: „Дали сакате чаша шампанско?“ (и од тој момент почнува да се случува нешто значајно). Тоа го пие и Џејмс Бонд. Во некои филмови тоа е „дом перињон“, „татинже“, „вев клико“. Со шампањско се полеваат победниците на формула-трките. Едноставно, да не било шампањското, замислете колку посиромашен би бил светот кога станува збор за убавите симболи. Шампањското е едно од најдемократските вина – сите го сакаат, мечтаат по него, а винарите низ светот се погрижиле да направат и други пенливи вина што се добра замена за …