Една кратка приказна, за со секое шише вино!

Италијанската винарија Матео Кореџа и агенцијата за дизајн Reverse Innovation ја создале линијата на вина Librottiglia (кованица од италијанските зборови libro и bottiglia, односно книга и шишe), кои место етикета имаат прикачено книга со кратка приказна на шишето.

sisina-vino

Секое шише од линијата Librottiglia има кратка приказна, која се совпаѓа со самото вино. Приказната „Жаба во стомакот“ од Патриција Лакидара е интеригантно дело кое „се служи“ заедно со црвеното вино Антос, „Те сакам, заборави ме“ на Реџина Маркес е етикетата на црвеното Небиоло Роеро, а „Убиство“ од новинарот и сатиричар Данило Занели се совпаѓа со свежиот и лесен вкус на белото Роеро Арнеис.

Моментално, кратките приказни на шишиња од 375 милилитри се достапни само на италијански, но компанијата планира наскоро да ги пушти во продажба и со приказни на англиски јазик.

wine-bottle-reading-book-labels-librottiglia-2
wine-bottle-reading-book-labels-librottiglia-4
wine-bottle-reading-book-labels-librottiglia-5

Сторијата е позајмена од marketing365.mk