Виното Гранд Куве 2013 од винаријата Domaine Lepovo, која работи во рамки на винаријата Тиквеш ја понесе титулата светски шампион во категоријата на суви црвени вина, на 58-то винско меѓународно натпреварување „Вино Љубљана 2016“.
Ова вино кое е дел од портфолиото на винаријата Domaine Lepovo се издвои меѓу 412 вина од 21 земја, кои учествуваа на фестивалот. Во прашање е мешавина на три сорти на вински квалитет, вранец, каберне совињон и мерлот, а во негово создавање учествуваше светски познатиот енолог Филип Камби.
Успех имаа и српските вина од винаријата Ѕвонко Богдан, чие вино Живот тече 2014 доби златен медал, а Подрум Радовановиќ доби злато за Шардоне селекција 2013.