За денес подгответе брз, лесен и посен ручек за целото семејство…
– 1 модар домат
– 1 тиквичка
– 2 црвени домати
– 2-3 зелени пиперки
– 1 шоља варено просо
– зачини сол, бибер, босилек, може и лук во прав
– 1 шоља млеко (растително)
– по желба кашкавал, моцарела, сирење – доколку не сте за посен оброк
Зеленчукот се мие, се сецка на кругови и се реди во помал подмачкан со зејтин плех.
Вареното просо се меша со млекото и зачините и се посипува врз зеленчукот. Се затвора со алуминска фолија и се пече во рерна околу 20 мин на 200 степени.
Потоа се трга фолијата и се допекува уште 10 минути за да фати коричка. Ако сакате можете да ставите и рендан кашкавал или моцарела доколку обожувате сирења.
П.С. Изборот на вино го оставаме на вашата фантазија, наздравје…..