Делата на Душко Стефанов промовирани на Саемот на книгата во Скопје

По долги години, Кавадарци конечно доби свое место на саемот на книгата кој годинава од 4 до 10 април се оддржува во Скопје, а со самото тоа и можност за промоција на голем број дела во издаваштво на градската библиотека „Феткин“. На како што го оценија читателите, најинтересниот саем за книга, на штандот на градската библиотека „Фетки“ може да се најдат делата на кавадаречките писатели и поети кои имаат ретка можност да ги презентираат своите дела пред целокупната македонска јавност.
Годинава честта помеѓу првите да ги претстави своите дела ја имаше Душко Стефанов, писател, поет и градски боем. На промоцијата пред македонската публика во халата 2 на Скопскиот саем, оддржана во четвртокот, 6 април, точно на пладне, беа промовирани двете книги на Стефанов „Песочен часовник“ и „И буден сонувам“.

17837786_10212500868379772_1903683630_o
Посветувајќи му го целиот говор на своето родно Кавадарци, Стефанов меѓу другото рече: „Да, доаѓам од Кавадарци, кој според анатомијата на Македонија се наоѓа во центарот, и е срцето на нашата татковина. Замислете, токму таму се најраспеаните грла, песната е говорот на мојот сосед, лозарите и винарите, чорбаџиите и аргатите, казанџиите и бочварите се браќа и сестри. Таму уметникот шепоти по платното, а поетот гласно ги изговара своите стихови“.
По емотивното обраќање кое го започна и заврши со неколку мисли кои редовно се објавуваат на специјализираниот портал за вино и вино култура, www.vinotika.mk, Стефанов се дружеше со присутните на промоцијата на кои им подари примероци со посвета од своите дела.

17837588_10212500868059764_980446532_o
Делата на Стефанов заедно со делата на останатите кавадаречки автори можат да се купат на штандот на градската библиотека „Феткин“ во халата 2 на скопскиот саем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *