Винариите имат уште 2 недели да ја исплатат третата рата од откупеното грозје

Винарските визби главно се придржуваат до законските рокови за исплата на ратите за откупеното грозје. До 30 април треба да ја исплтатат и последната трета рата од 40 проценти што ја должат на лозарите за ланскиот род.
За помалку од две недели винските визби треба да им ја платат на лозарите и последната трета рата од 40 проценти за купеното грозје од ланската реколта.
Според законот исплатата е во рокод 6 месеци и на 3 рати од превземањето на откупениот род. Првата рата од 20 проценти се плаќа до 15 декември, втората од 40 проценти најдоцна до 15 февруари и последниот износ докрајот на април.
Досега од вкупниот долг за купеното винско грозје од реколта за 2016-та година , исплатен е повеќе од половина од износот што треба да го добијат лозарите.
Винарската визба „Повардарие“ поради неисплатената втора рата ја загуби лиценцата за откуп на грозје односно е избришана од регисарот на производители на вино.
Во Македонија лани беа собрани 180 милиони килограми винско грозје. Дел се извезува во странство, а поголемиот дел останува и се преработува во домашните вински визби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *