Македонската винска приказна со безброј ликови, вкусови и тајни

Без разлика дали е богато црвено или суво бело, виното е едно од најголемите задоволства на животот. Мистеријата на она што се наоѓа внатре во една флаша вино многумина го изјаснуваат како поезија. Вино е жива течност создадена од конзервансите на младоста, зрелоста, староста и смртта. Најпозната природна течност во светот која е доведена до најголема перфекција и нуди голем опсег за уживање и благодарност.
Приказната на Македонското вино е приказна со безброј ликови, вкусови и тајни на рецептите кои традиционално со векови се пренесуваат од генерација на генерација. Специфичноста на секое зрно грозје со кое се гради и најголемата тајна на вкусовите на Вината од Македонија е сонцето и бескрајната природна убавина. Историјата вели дека на овие простори виното датира уште од античките времиња како омилен пијалак на кралевите Филип Втори и неговиот син Александар Велики. Во пишаните факти на историјата виното е наведено како ценет пијалак и за време на Римската Империја. Но својата главна позиција виното ја зазема со доаѓање на христијанството каде било претставувано како “крвта Божја“.
Фактот дека Македонија има мошне поволни услови за одгледување на грозје со кое се произведува вино го прави едно од најпроизведените пијалаци. Најдобар начин да се запознае со македонските вина е да се биде дел од винските тури кои се организираат. Турите овозможуваат посета на винарите и фармите но исто така и да ги дегустирате убавите вина и секако ќе бидете понудени со традиционално јадење.
Оној што еднаш ја видел Македонија задолжително го памети вкусот на вината од оваа земја како и неодоливиот шарм на овие предели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *