Вино како дополнителна опрема во новиот Астон Мартин

Три шишиња ексклузивен и скап шампањ, две чаши од најфин кристал и соодветен отворач, се дополнителна опрема на новиот модел на британската спортска автомобилска марка
Навистина несекојдневна и наменета за џет-сет дополнителна опрема, на ексклузивната британска креација на четири тркала.

Најпознатиот таен агент на светот, популарниот 007 – Џејмс Бонд, дополнително ја комплетира екстравагантната слика на луксузниот егзотичен автомобил.

aston-martin-rapide-s-dom-perignon-10
Всушност, таквата замисла била и идеа-водилка во соработката помеѓу Aston Martin и реномираниот производител на пенливото вино.
Како и да е, моделот Aston Martin Rapide S во својот багажник ќе има екстарвагантна дополнителна опрема што содржи три шишиња Dom Pérignon.
Шампањот е со годиште на берба од 1998, а вкусниот „Божји нектар“ е надополнет со две кристални чаши, како и со два отварача.

Иако на стартот овој пакет бил замислен само како маркетиншки потег, заинтересираноста на јавноста покажа дека има и потенцијал за повеќе од успешна комерцијализација.

Aston-Martin-Rapide-S-from-Dom-Pérignon-Deuxieme-Plénitude_9

Токму поради тоа, познатиот производител на ексклузивни благородни спортисти на четири тркала, и не помалку славната винска куќа, решија да го понудат овој пакет како дополнителна опрема.
Верувам дека целата колекција ексклузивно пенливо вино и екстремно луксузниот автомобил бргу ќе бидат распродадени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *