Тајванско студио креираше флексибилен држач за вино

Тајванското студио „Лин“ го дизајнираше „ДЕК“ – флексибилниот држач за вино и за чаши наменети за вино со цел да биде корисен и практичен.

Креиран е од два дела што се изработени од рециклирана хартија. Првиот дел е полица за вино, каде можат да бидат сместени до три шишиња, другиот дел е држач за чаши, што може да користи за повеќе чаши во зависност од нивната големина.

Практичниот држач за вино е веќе пуштен во продажба, а поради ниската цена на репро материјалите од кои се изработува се очекува да биде достапен за секој вљубеник во виното кој сака на едноставен начин да го складира своето вино и чаши.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *