Винскиот бар и ресторан „Форца“ минатиот четврток продолжи со традицијата на промоција и негување на винската култура. Гостите имаа можност да се запознаат со најновата винарија во Македонија, винирајата „Лазар“, која започна со работата минатита година.
Сопственикот и воедно главен енолог на винаријата, Лазар Ристов, гостите ги воведе во светот на свежите бели вина – „Грашевина“ и „Темјаника“, кои се првите две вина со кои оваа винарија тргнува на освојување на македноскиот вински пазар.
Винската приказна за светло-сламените бои на Грашевината, надополнети со свежиот мирис на кора од лимон, зелено јаболко и грејпфрут, ги побуди летните спомени на гостите. Додека пак со елегантниот мирис на бели цвеќиња, бозел и пасирана праска, Тејманиката ги воведе во една винска авантури низ македонските ридови и полиња, притоа оставајќи зад себе вкус кој се памети и кој повторно повикува на уживање.
Од винаријата подготвуваат и ново изненадување за винските љубители, од нивниот вински трезор на пазарот за брзо време ќе излезат и вината Шардоне, Пино Гриџо и Пино Ноар.
Винаријата „Лазар“ е лоцирана непосредно до античкиот локалитет „Стоби“, како дел од тиквешкиот вински регион, пред македонската винска публика истапува со високо квалитетни бели и црвени вина произлезени од спојот на традицијата во одгледувањето на винско грозје и модерната енологија.
Наредниот четврток, „Форца“ ги продолжува своите „Вински приказни“ со вина од винаријата „Брзанов“. Не пропуштајте да бидете дел од и од ова уникатно винско доживување.