Дали сте знаеле дека црното вино може да го олесни процесот на правење бебе?
Истражувањата покажуваат дека жените може полесно да забременат доколку пијат една чаша црно вино дневно.
Тоа е благодарение на природната супстанца ресвератрол која е добра за спречување на појава на синдром од полицистични јајници, која е најчеста причина за стерилитет кај жените. Тој го регулира лачењето на гениталните хормони, односно го намалува лачењето на тестостерон кај жените.