Емоции, страст, моќ, естравагантност, сензуалност, сексуалност, или накратко, се она што виното го носи со секоја своја капка, со секоја голтка, мирис и вкус, е совршено склопено во краткиот филм во кој во главна улога се вината на винаријата Бовин.
Покрај најскапите вина во Македонија, во видеото кое е дел од најновата маркетинг кампања на винаријата ќе ги видите и Мартина Марковска и Влатко Кузмановски. Видеото е во режија на Зоран Зонде Стојановски, а е снимено во хотелот Мериот.