ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ во фокусот на годинешното издание на „Продекспо 2018“

Вината на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ ги собраа позитивните критики на илјадиниците посетители на годинешното издание на најголемиот саем за храна и вино во Русија и Источна Европа, „Продекспо 2018“.
Претставниците од трговскиот, хотелскиот и ресторански сектор се буквално воодушевени од квалитетот на вината на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“, кој на овој саем се претстави со целата палета од брендот „Вирго“, во која е вклучен и најновиот адут на винаријата, виното „Фиано“ кое поради бројните специфичности е во центарот на вниманието.

media-share-0-02-04-6cc9389c83e691b9ccd4caf1e866d189851752e301c475b683de0d9993baf113-9fdb2089-041f-4653-8d31-4140ca10353c
Претставувањето на ВВМ „Гоце Делчев – Тиквеш“ на годинешното издание на „Продекспо 2018“ е во во организација на Македонско-руската стопанска комора и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

media-share-0-02-04-8937fb94fe904eb893e56849c9be12c785f856b905bedca034c9fb6677a49bf4-5fde9781-1647-4a0f-a3fa-9eff8cb5da18

На саемот кој се одржува секоја година во месец февруари, на вкупна површина од околу 100.000 м2, со свои штандови присуствуваат претставници од преку 2.000 компании од над 60 земји од светот. На саемот се претставуваат многу национални групи и асоцијации од Бразил, Германија, Норвешка, САД, Италија, Данска, Унгарија, Франција, Турција, Канада, Египет, Кипар, Грција, Индија, Полска, Бугарија, Словенија, Јордан, Аргентина, Белгија, Романија, Финска, Мексико,… а истиот го посетуваат повеќе од 94.000 посетители.

media-share-0-02-04-a8778fc6c97a9f732bb57a9db8066636618e47a435a5247fd4c4d28f2db9bed0-30727a6d-0ce3-45df-ad53-4caf61416d40
На самото отворање на Саемот присуствуваше и Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој е и ко- претседател на македонскиот дел на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација.

media-share-0-02-04-ded33636c2d207958b399e6227cd1d48bdcdd05dd9b8ccb7ea1af2feda318d6c-4ebdc503-9c98-4713-b9b7-ad06802b2ead

media-share-0-02-04-3bc2ded500e95b1297e8afa7ba2f07ac4882391c250174156442eb41922ccc83-d656cde5-5e25-43ca-b775-0d78b9dcab00

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *