Јапонската амбасадорка воодушевена од Тиквешијата и македонските вина

Во едно од своите интервјуа, Ханеда потенцира дека виното од Тиквешијата е многу убаво, и би било фантастично доколку може да се најде на јапонскиот пазар.
„Јапонците досега главно пиеја саке или ракија од ориз, но во последно време виното станува доста популарно исто така. Се пие и црвено и бело вино. Вашето вино кое е многу добро, не може многу да се најде во Јапонија. Но, да, имам видено едно или две таму. Ако мене ме прашате, добри ви се и црвеното и белото, тиквешкото е многу убаво вино од Македонија – вели амбасадорката.
Во продолжение Ханеда вели дека треба да се работи на зголемување на бројот на туристи од Јапонија во Македонија, кои би биле восхитени од природните убавини, но и од виното, како што и самата таа е од посетата на Тиквешијата.

domen-lepovo-600x400
„Имав покана и ја посетив винаријата Лепово, и тогаш дознав дека Тиквешијата е регион на грзојето и виното. Соработката може да се интензивира во секој поглед. Нема многу туристи од Јапонија кои доаѓаат во Македонија, па една од работите во иднина би била да се зголеми тој број. Се надевам дека ќе се успее во тоа. Да се види меѓу другото македонската култура, регионот на грозјето и виното, ете прочитав и за откриените фосилни остатоци од изумрен вид на слон, кој живеел овде пред околу осум милиони години, би било многу интересно – вели Ханеда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *