Здружението „Винотек“ и годинава е еден од најголемите промотори на малите домашни винари, овозможувајќи им на фестивалот за младо вино „Тиквешија 2018“ да го промовираат своето вино пред потрошувачите.
На фестивалот кој се оддржа во саботата, 8 декември, во стаклената сала на Ангропромет Тиквешанка своите вина, ракија и прозиводи од грозје ги изложија 14 индивидуални производители, како и учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ од Кавадарци кои ги учат тајните на енологијата.
– Целта е да се поттикнат лозарите самите да произведуваат вино и со тоа да допринесат за конкуренција и постигнување на поголема цена за килограм грозје. Од друга страна, имаме такви производители на грозје кои веќе се добри мајстори на вино, па би сакале во иднина таа своја умешност да ја претворат во мали семејни бизниси, изјави за Панче Арсовски, директор на Фестивалот.
Освен здружението „Винотек”, кое се залага за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје, поддршка на настанот му даде и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.