Монтевидео, фудбал, танго и врвно вино

Монтевидео е град кој откако еднаш ќе го посетите, ќе посакате да го посетите уште многу пати. Неслучајно го нарекуваат градот на виното, тангото и фудбалот…

Градот Монтевидео е откриен во осумнаесеттиот век од страна на шпанскиот војник Бруно Маурисио де Забала. Неговото име потекнува од брдото кое се простира западно од заливот околу кој е сместен градот, а во превод зборот означува „видов брдо“. Всушност од самото брдо имате неверојатна глетка на Атлантскиот океан.

2e0aeb7a-city-5518-1658c2df819

Во Монтевидео не смеете да го пропуштите стариот дел од градот каде погледот кон одличните архитектонски дела ќе ве врати векови назад и ќе се чувствувате како времето да запрело или како да сте се вратиле во некоја историска епоха која е вредна за доживување.

Уругвајскиот главен град последниве неколку години станува се попознат благодарени на производството на вино. Имено, Уругвај е најголемиот вински производител на Американскиот континент. Танат е вид на грозје кој најдобра успева на тамошната почва, па затоа не смеете да го посетите Монтевидео, а да не го пробате Танат виното.

cover-2-1024x744

cover

Тангото е она што ги идентификува жителите на овој град, сместен на двете страни на заливот Рио де ла Плата. Тангото настанало кон крајот на 19-тиот век како музика која би требало да парира на валцерот и полката и било особено популарно во тогашните кафеани и бордели. Оттаму се преселило во баровите и танцовите школи за денеска да стане препознатлив знак на Уругвај.

20180728-tango-348492

Најважната споредна работа на светот во Монтевидео има огромно значење од моментот кога во далечната 1930 година, во Монтевидео се одржало првото Светско Првенство во фудбал. Дури и да не се интересирате за фудбал, мора да го посетите стадионот во Монтевидео, изграден за големи и светски натпреварувања.

fudbal

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *