Вината на градоначалникот на Солун во фокусот на винскиот саем

Вината на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис беа во фокусот на посетителите на годинешното издание на винскиот саем кој се оддржа во Солун, кое и годинава помина без учество на ниту еден македонски вински бренд.
Посетителите на саемот стрпливо чекаа да го дегустираат виното на првиот човек на Солун и да ја почувствуваат експлозијата од задоволства која ја кријат шишињата вино произведени во винаријата со звучно име “Кир-Јани”.
Вниманието го привлекуваа и вината произведени на туристичките топ дестинации Санторини и Крит, додека пак оние кои сакаа да пробаат вина од новиот свет имаа ексклузивна можност да пробаат вина од Нов Зеланд и Аргентина, кои се одликуваат со посебен начин на одгледување на винова лоза, производство и преработка на грозје, ферментација, зреење на вината, посебна арома и квалитет од останатите класични вина.
Иако македонските винарии отсуствуваа од официјалниот дел од програмата на саемот, сепак не беше мал бројот на посетители од земјата кои дегустираа дел од повеќе од 150те изложени вински брендови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *