Интервју: ВВМ „ГД-Тиквеш“ со ребрендирана Вирго линија и прво барикно вино ќе ја дочека 2019та година

„Винодонија 2018“ по трет пат ги оправда очекувањата на сите оние за кои виното е многу повеќе од пијалок. Освен што можеа да се дегустираат различни вина од домашни и странски производители и да се научи нешто повеќе за виното, присутните имаа можност да разговараат и директно со самите производители на виното. Можноста да разговараме со винариите ја искористи и тимот на винотика.мк кој направи интервјуа со најголемиот дел од учесниците на винскиот салон кои ќе бидат објавени во наредниот период. Првото интервју од серијалот Винодонија 2018 е со винарската визба Милев „ГД – Тиквеш“ која минатата година го сврте вниманието врз себе со виното „Фиано“, а веќе годинава како препознатлив бренд да ги најави новите проекти кои дополнително ќе го зацврстат високиот статус на винаријата.

www.vinotika.mk: Минатата година бевте во фокусот на вниманието на присутните на Винодонија, пред се поради виното „Фиано“ кое беше вистинско изненадување за македонската винска јавност? Денес, една година подоцна од официјалната промоција на виното „Фиано“ колку е препознатлив неговиот вкус и кои се коментарите на консументите?

ВВМ „ГД – Тиквеш“: Добро, реакциите на тие што го пробале се одлични, особено на оние кои се компетентни да кажат мислење и кои се големи познавачи на виното.

 

_DSC0005

 

www.vinotika.mk: Верувам убаво е чуството на македонската јавност да и се претстави нешто ново, нешто што отскокнува од онаа стандардна понуда на вина?

ВВМ „ГД – Тиквеш“: Секако дека е. Се работи за специфична италијанска сорта на грозје која ја имаме на нашите лозови плантажи, а винарската визба Милев „ГД-Тиквеш“ е единствената винарија која го има ова вино во своето портфолио. Минатата година беше прва реколта, годинава имаме нова едиција која исто така е со одличен квалитет.

www.vinotika.mk: Има ли ВВМ „ГД-Тиквеш“ скриен „ас“ во ракавот за годинешното издание на „Винодонија“?

ВВМ „ГД – Тиквеш“: Оваа година правиме ребрендирање на целата „Вирго“ линија, која ги опфаќа вината „Темјаника“, „Траминец“, „Шардоне“, „Розе“ „Мускат Розе“. Правиме комплетно ребрендирање, како на амбалажа, така и на етикетите, и очекуваме да ги имаме во нов изглед за широка потрошувачка околу новогодишните празници. Од црвените вина остануваме на нашиот добро познат бренд „Фаворит“, кој е одлична купажа од пет сорти на грозје, познатото „Мерло“ и Каберне Франк“.

_DSC0021

www.vinotika.mk: Што се понудивте на Винодонија 2018?

ВВМ „ГД – Тиквеш“: Им понудивме вина од бербата 2017, вклучувајќи ја целата „Вирго“ палета како и црвените вина кои веќе ги набројавме.

www.vinotika.mk: Веќе подолг период ги најавувате и првото барикно вино, „Барик Сирах“. Кога ќе можеме да го дегустираме ова вино?

ВВМ „ГД – Тиквеш“: Многу наскоро. Процедурата е во финална постапка, и очекувам дека многу наскоро, па и пред новогодишните празници да го промовираме првото барикно вино.

www.vinotika.mk: Со оглед на тоа што сте најголем производител на грозје во Македонија, па и меѓу најголемите на Балканот, како ја оценувате 2018 година?

ВВМ „ГД – Тиквеш“: Мислам дека беше добра година, многу подобра од минатата, и очекувам квалитетни вина.

www.vinotika.mk: Претпоставувам дека Германија останува главниот таргет кога се работи за пласманот на виното?

ВВМ „ГД – Тиквеш“: Да, германскиот пазар е целосно во нашиот фокус. ВВМ „ГД-Тиквеш“ 99, па можеби и 99,9 проценти од своето производство е по германски програм. Моментално градиме и нов погон со цел да го зголеми капацитетот на флаширано вино, и очекувам веќе од следната реколта да почнеме да извезуваме и флаширано вино под нашиот бренд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *