За новогодишната ноќ, пијте вино за да не го кренете први „пехарот“

Најлудата ноќ во годината е пред нас, а како и секогаш, оваа вечер е само уште еден повод да се испие чаша повеќе од сите наоколу. Најчесто голем дел во оваа трка предвреме го завршуваат „натпреварот“ и го креваат „пехарот“, а веќе утре дента освен главоболката од алкохолот ќе ги боли глави и од зафрканциите на нивна сметка.
Затоа што очигледно е дека никој не би не послушал доколку Ви понудиме да не пиете алкохол, тогаш барем послушајте го нашиот совет, за новогодишната вечер, пијте вино.
Пиењето во тек на долга забава треба да биде тест на истрајност. Во трката која очигледно дека не е спринт, туку маратон, најважно е да си го слушаш телото, па ако треба да запреш со пиењето, запри веднаш и не се „тепај“ за чаша плус. Направете кратка пауза од петнаесетина минути без да се плашите дека ќе „примите воздух“ и продолжете си ја сами вечерта.

new-years-glassware
Вториот совет е, пијте алхохол со понизок процент. Пиењето вино може да биде пријатен „џогинг“ кое поверојатно ќе Ве донесе до финишот. Пиењето ракија или останати жестоки пијалоци со над е како да затрчаш непотребен спринт среде маратон. Ќе се испукаш бргу и најверојатно нема ни да дојдеш до целта ако бргу не дигнеш рачна. Неколку години пред смртта, еден од најлегендарните алкоси на сите времиња, Чарлс Буковски, прашан за што се кае во животот, одговори: “Требаше да пијам повеќе вино а помалку жестоко”.
Секако, не заборавајте и виното да го комбинирате со вкусна храна, но не претерувајте и со неа. Во последните години поголем е бројот кој завршиле во болница поради прекумерно јадење отколку од алкохол.

champagne-glass-stock-photo-for-new-years-eve-amari-watergate
За крај, и да решите да не послушате и да пиете вино, оставете го Вашето возило дома. Да, таксито е поскапо и потешко да се најде особено во првиот ден од годината, но пешачењето би Ви дошло добро по „напорната“ вечер на масата.

Имајте среќна Нова година 😉

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *