Македонија е земја со долга традиција, а адетите и ритуалите кои се изведуваат за секој празник се само дел од богатиот фолклор на земјата. Еден од нив е и амкањето јајце за Прочка.
Според верувањето, вечерта на прочка, конец на кое виси вареното јаце се врзува за греда од таван или на сукало кое го држел најстариот во семејството. Сите останати (жените, децата) седнуваат во центарот на собата, а тој со сукалото на кое виси јајцето ги залажува при нивната задача: да го амнат (фатат со уста и прегризат) јајцето без при тоа да употребуваат раце.
Тој што ќе успее во тоа ќе има среќа цела година. Потоа преполовеното прегризено јајце внимателно со лажиче се вади од лушпата и им се дели на присутните да го изедат за среќа, а во половината лушта се сипува малку црвено вино. Потоа конецот кој виси од оклагијата се гори над оваа лушпа со вино.</p><p>По ова се изговараат имиња на присутните почнувајќи од најмладиот и се пали конецот кој виси над празната лушпа од јајцето (со изговарање: да гори-да гори Драган, па да гори-да гори Дарко итн) а пепелот од изгорениот конец со рака се оборува во виното во лушпата. Со тоа се гледа колку побрзо гори толку повеќе изговорениот ќе живее.
Таквото вино сега има магиска моќ и затоа им се подава на сите по малку да пивнат (лижнат) од тоа вино со пепелот од конецот. И конецот кој е останат неизгорен на сукалото има магиска моЌ и се користи за Закушќе, магиско лекување од логајца и сл. и затоа се чува најчесто Предикона. Со ова ритуалниот дел завршува и почнува богата семејна мрсна гозба како последна пред седумнеделниот велигденски пост.
Со Јацето се отвора и затвора циклусот на велигденските пости: Тоа е последно нешто што го јадете на Прочка пред постот – и првото нешто што го вкусувате вечерта на Велигден на полноќ кога се кршкате и го јадете првото јајце.