Вино наместо вода на најлудиот вински маратон во светот

Чаша врвно француско вино, сирење и остриги како освежување консумираат маратонците кои и годинава ќе трчаат помеѓу лозoвите насади во Франција, поточно во винско Бордо, на еден од најспецифичните маратони кои се оддржуваат во светот.

marathon1

Маратонот Медок (Marathon du Médoc) кој годинава ќе се оддржи по 35ти пат собира во просек околу 8.500 натпреварувачи, што е една фантастична бројка и за многу поголеми и светски познати маратони.

marathon23

Како и на секој маратон, така и на овој вински маратон се трчаат 42 километри, но за разлика од останатите маратони на овој воопшто наместо во спортска опрема, можете да се појавите облечени како за на карневал.

marathon_du_medoc_vineyard

Годинава маратонот ќе се оддржи на 7ми септември, а пријавувањето е на следниот линк  https://www.marathondumedoc.com/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *