Месец март отсекогаш нудел голем број на вински возбудувања речиси на сите страни од светот. Ништо поразлично не беше ниту во Вилијамстаун, кој и овој март беше домаќин на Фестивалот на вино и сирење. Причината зошто го одвоивме токму овој вински настан покрај илјадниците други кои секојдневно му се случуваат на светот е фактот што позади истиот стои нашиот Сотир Стојчевски кој доби највисоки оценки за фантастичната организација
И годинава фестивалот беше уште една можност за локалните производители во Викторија да му ги покажат на светот специфичностите на виното кое доаѓа од новиот свет, особено од Австралија и Нов Зеланд.
Освен можноста да се пробаат квалитетни локални мајстори на вино и сирење, фестивалот на сите присутни им понуди весела атмосфера, информации за здравствени придобивки кои ги носат виното и сирењето, како и лекција по газење грозје.