Wine Way Ве кани на единствена дегустација: Mакедонија vs Остатокот на Светот. Категорија: Моќни црвени вина!
Ќе дегустираме моќни црвени сорти од земји во кои тие го даваат својот впечатлив израз:
– Cabernet Sauvignon и Shiraz од Австралија,
– Pinotage од Јужна Африка,
…и назад дома! – преку одличниот Plavac и Shiraz на Езимит, и Cabernet Sauvingnon на Картал – ќе откриеме каков израз имаат моќните светските вински сорти под македонското небо.
Вината кои ќе ги дегустираме, се дел од програмата на престижната лондонска школа за вино Wine & Spirit Education Trust – WSET. Wine Way e нивни официјален претставник во Македонија, а Ваш домаќин ќе биде сертифицираниот сомелиер и WSET едукатор, Петар Величковиќ. Освен ретката можност паралелно да вкусите вина од Европа, Африка и Австралија, ќе научите и како да дегустирате како професионалец – користејќи го систематскиот пристап на Wine & Spirit Education Trust.
Едно можеме да Ви ветиме— на крајот на вечерта, ќе бидете изненадени дека сте научиле да им верувате на своите дегустаторски вештини и притоа – одлично сте се забавувале!
Вашата винска листа:
– Австралија – Jim Barry, The Cover Drive – Cabernet Sauvignon – 2014
– Австралија – Stonefish – Shiraz- 2016
– Јужна Африка – Stellar Organic Winery – Pinotage – 2015
– Македонија – Kartal – Cabernet Sauvignon
– Македонија – Ezimit – Shiraz
– Македонија – Ezimit – Plavac
Домаќин: Wine Way – Центар за винска едукација и организација на вински настани
Адреса: Антон Попов 8, 1000 Скопје
Едукатор: Петар Величковиќ, сертифицитан сомелиер и WSET eдукатор
Датум: 15ти Јуни (сабота);
Време: 20:00 – 21:30
Цена: 600 денари
Уплата на жиро сметка: 210-072726260197 НЛБ Банка, со назнака ‘За Винска дегустација’.
Напомена!: Поради ограничениот број на места, Ве молиме, пред уплатата да не контактирате:
– 070 29 22 19 / 070 69 17 31