Во петок, ексклузивна дегустација на бели вина: Mакедонија vs Остатокот на Светот!

Wine Way Ве кани на единствена дегустација: Mакедонија vs Остатокот на Светот. Категорија: Бели Вина!

Од класичниот Pinot Grigio од Италија, преку Chardonnay од Чиле до Chenin Blanc oд Јужна Африка…и назад дома! – преку локален Pinot Grigio, Chardonnay на Езимит и Стоби, да откриеме каков израз имаат овие вински сорти под македонското небо.
Вината кои ќе ги дегустираме, се дел од програмата на престижната лондонска школа за вино Wine & Spirit Education Trust – WSET. Wine Way e нивни официјален претставник во Македонија, а Ваш домаќин ќе биде сертифицираниот сомелиер и WSET едукатор, Петар Величковиќ. Освен ретката можност паралелно да вкусите вина од Европа, Африка и Јужна Америка, ќе научите и како да дегустирате како професионалец – користејќи го систематскиот пристап на Wine & Spirit Education Trust.
Едно можеме да Ви ветиме— на крајот на вечерта, ќе бидете изненадени дека сте научиле да им верувате на своите дегустаторски вештини и притоа – одлично сте се забавувале!

Вашата винска листа:
– Италија – Campagnola – Pinot Grigio – 2017
– Јужна Африка – Spice Route Winery – Chenin Blanc – 2015
– Чиле – Lapostolle, D’ Alamel – Chardonnay – 2014
– Македонија – Pinot Grigio
– Македонија – Acacia – Chardonnay
– Македонија – Ezimit – Chardonnay

Домаќин: Wine Way – Центар за винска едукација и организација на вински настани
Адреса: Антон Попов 8, 1000 Скопје

Едукатор: Петар Величковиќ, сертифицитан сомелиер и WSET eдукатор

Датум: 14ти Јуни (петок);
Време: 18:00 – 19:30
Цена: 400 денари
Уплата на жиро сметка: 210-072726260197 НЛБ Банка, со назнака ‘За Винска дегустација’.

Напомена!: Поради ограничениот број на места, Ве молиме, пред уплатата да не контактирате:
– 070 29 22 19 / 070 69 17 31
– ana@wineway.org
– со порака на fb на https://www.facebook.com/winewaycentre/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *