Две шишиња вино од 17 век се откриени на дното од германското крајбрежје на Балтичкото море.
Почетната цена за двете шишиња вино се очекува да биде поставена од 330000 до 38000 долари, што е очекувана сума со оглед на тоа што пред неколку години беше продадено шампањско старо 170 години кое исто така беше најдено на дното на Балтичкото море.
Експертите отвориле едно од шишињата со цел да ја анализираат течноста во неа. Се покажало дека се работи за класично европско црвено вино. Формата на шишињата, а исто така и анализата на течноста и тапите, откриваат дека виното е потонато во периодот од 1670 до 1690 година.
Експертите дополнуваат дека 300 години старото вино одамна ја загубило својата погодност за пиење, но и тоа како ќе бидат предизвик за колекционерите на ретки вина кои се подготвени да ги добијат овие вина во своите витрини.