Во Калифорнија, вино се пие и во берберница

Ако во рестораните, кафетериите, хотелите, плажите, па веќе и на спортските натпревари… конзумирањето вино е сосема очекувана и нормална појава, сигурни сме дека би Ви било и повеќе од чудно ако Ве понудат со чаша вино во берберница.
Не само што во пракса е вистинито, веќе две и пол години во Калифорнија е и легално да се конзумира вино и алкохол додека чекате на фризер или на бербер.
На клиентите во бројни калифорниски салони за разубавување веќе неколку години им се нуди чашка вино додека фризерот им ја уредува косата или брадата, но тоа се практикуваше во тајност бидејќи беше забрането без посебна дозвола.

Благодарејќи на законот од 1 јануари 2017 година, на клиентите на берберниците и фризерниците и без поседување дозвола ќе може да им се понуди до три и пол децилитри пиво или голема чаша вино. Меѓу оние кои ги уживаат придобивките е и Леброн Џејмс кој беше фотографиран со чаша вино во една позната берберница.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *