Вкусно, овошно и освежително – сангријата има сè што можеме да побараме од еден летен коктел
Потребни состојки:
100 грама шеќер
120 милилитри вода
600 грама ревен, исчекан на ситни парчиња
300 грама јагоди, исечкани на половина
2 лимети, исечкани на парчиња
1 шише розе вино
1 шише минерална вода
Минерална вода
Начин на подготовка:
Направете едноставен сируп од ревен, така што ќе варите шеќер во вода додека не се растопи целосно и потоа ќе го додадете исечканиот ревен и ќе продолжите со варење од 8 до 10 минути. Тргнете го коренот од водата и оставете го сирупот целосно да се олади.
Додајте ги јагодите и лиметите во голем сад, па сипете го сирупот од ревен заедно со розе виното. Оставете ги да се оладат околу 4 часа, а потоа сипете си чаша од овој одличен летен пијалак и додајте малку минерална вода.