Кога лимоните ќе стивнат, доаѓа виното

Стотици години наназад, брегот на Амалфи, или попознат како Amalfi Coast, или ако пак сакате на италијански Костиера Амалфтина, е омилена дестинација на милиони туристи, меѓу кои голем дел и славни личности кои токму овде, на овој живописен брег на Тиренското море го фрлиле своето животно сидро, и се укотвиле за на век. Ако некогаш големите уметници го одбирале Равело за од високо да му се восхитуваат на азурниот брег, да дишат свеж воздух додека го пијат своето лимончело шетајќи се низ вилите Руфоло и Чимброне, денес во центарот на вниманието на славните е островот Капри, но и крајбрежните Амалфи и Поситано кои изгледаат како од некоја најубава разгледница.

capri

Восхитени од првиот впечаток кој го остава колоритната архитектура, реките народ и сообраќајниот метеж на исклучително тесните сообраќајници кои го поврзуваат целиот регион, ќе Ви треба малку време за да се соземете за да сватите дека не сте во некоја бајка, за веднаш потоа да ги забележите илјадниците мали, семејни имоти на кои се наоѓаат прекрасно уредени одери со златно жолти лимони.
2U8E5299-Edit_d_0_0_900.20170803172149
Всушност, лимоните се секаде околу вас, па освен во градините ќе ги видите и во продавниците, како декор по рестораните, во на далеку прочуените италијанска паста, пица и џелато, на приврзоците, магнетите, реалистичните и апстрактните слики кои се продаваат по плоштадите, во украсните шишиња со лимончело….

limoncello_italy_blog

Но, за да дознаете зошто народот овде толку им се поклонува на лимоните треба барем еднаш да ги накачите нагорнините во Поситано или тесните улички на Атрани, или пак да го изодите Божјите патеки.

path-of-the-gods-hike-amalfi-12

Тогаш, во целост ќе ја сватите совршеноста на природата која на овој предел им ги дала лимоните за да им донесат толку многу свежина за да можат да ги совладаат и најжешките и екстремно влажни денови.
Да, лимоните се религија во целото крајбрежје од Соренто до Салерно, но и покрај нивната сеопшта примена, финансискиот импакт е се помал. Сваќајќи го ова, италијанците се полека се вртат кон својата друга голема љубов, виното. Од година во година, градините со лимони полека исчезнуваат, а на нивните места никнуваат лозови насади од локални сорти грозје, од кои италијанците буквално знаат да направат магија спакувана во шише кое раскажува приказна и да ја продадат за неколку стотина евра во типичните амалфиски ресторани и хотели кои се букирани и преполни со народ во текот на целата година.

1113532493
Почитувајќи ја традицијата, но и регулативите за одгледување на винова лоза и производство на вино кои во Италија се строго дефинирани и контролирани, во овој живописен регион доминираат неколку сорти, меѓу кои белите сорти Фалангиња и Греко ди Туфо, како и црвената Пиедиросо. Се разбира, тука се и неколку типични сорти за винска Кампања, како на пример Фианото кое на македонската винска јавност и го претстави ВВМ „ГД – ТИКВЕШ“.

Greco-di-Tufo-800x445
На листата најпознати и најбарани вина се Marisa Cuomo Furore Bianco ‘Fiorduva’, Tenuta San Francesco ‘Per Eva’ Bianco, Marisa Cuomo Furore Bianco и Marisa Cuomo Furore Rosso. Иако нивната цена и квалитет можеби сеуште не се на нивото на тосканските или пак ја немаат уникатноста на сицилијанските вина, сепак ги имаат илјадниците туристи кои се секогаш расположени да дегустираат локално домашно вино кое е достапно и за само пет евра од чаша, доволно примамливо дури и за оние кои со поскромен буџет сакаат да го доживеат сето она што го нуди овој регион.

marisa-cuomo-furore-riserva-rosso
А во Италија, особено на крајбрежјето на Амалфи цените понекогаш не мора да значат ништо, па доколку сте доволно храбри да се возите по тесните патишта со автобусите на Сита Суд низ малите селца расфрлани на надморска височина од 0 до над 1000 метри, и да го изодите Божјите патеки, тогаш дефинитивно имате доволно авантуристички дух да порачате локално вино кое ќе Ве освои.

 

Автор: Душко Стефанов – Боемот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *