Сангријата е типичен шпански и португалски пијалок .Обично содржи вино, парчиња овошје, засладувач и малку бренди. Основата на пијалокот е вино. Може да се користи црвено или бело според сезоната и желбата.Задолжително е да се стави овошје, а варијациите ги креирате во зависност од сезоната.
Може да експериментирате со портокали, лимони, праски, малини, дињи, боровинки, ананас , јаболка, киви, манго, грозје и други. Како засладувачи можете да искористите мед, шеќер, шеќерен сируп или сок од портокал. Наместо бренди може да се додаде „севен ап“. Сангријата може да се остави да отстои неколку минути до неколку дена. Освен тоа, може да се сервира и како топол пијалок.
Гледајќи во етимологијата на зборот, вредно е да се споменеме дека “сангрија” доаѓа од шпанскиот збор за крв – sangre . Тоа е така, бидејќи главно сангријата се прави со црвено вино. Се сервира во бокал со соодветна лажица или коктел стапче, кој ќе ја олесни распределбата на овошјето при полнење.
Во некои области се произведува специјално младо вино, кое се користи за сангрија. Тоа е многу слатко, со заситени овошни вкусови и помек вкус. Овој пијалок е одличен начин да се разладите во текот на летото и да се загреете во зима.
По долго истражување низ интернет просторот сопревме на неколку рецепти кои изгледаат доста интересни за подготовка во летните месеци. Белите вина кои се препорачуваат се „Совињон Бланк”, „Ризлинг”, „Шардоне”.
Опција 1:
Сорта на вино “Пино гриџо”,
1/2 чаши свеж сок од јаболко
1 чаша минерална вода
1/2 чаша ракија со ѓумбир,
9 сечени јаболка и круши
Мед
Опција 2:
шише црвено вино по избор
1/2 чаша минерална вода,
3 лажици шеќер (или мед),
20 мл “Калвадос” или друг јаболков ликер
Парчелимон, праски и јаболка во голем бокал
Ставете во чашите по неколку свежи малини
Опција 3:
бело вино – 1,5 л
шеќер – 1/2 чаши
вотка – 60 – 80 мл
лимони
портокали
јаболка
ананас
цреши – конзерва коктел со сок
нане – 4 – 5 листови свежи