Американците развија микроапарат за непрекинато производство на вино

Американските инженери развија микроапарат кој овозможува непрекинато производство на вино.

Даниел Атингер и неговите колеги се надеваат дека нивниот изум ќе им овозможи на производителите на вино подобро да го разберат процесот на ферментација кој има големо влијание на квалитетот на виното.

„Климатските промени имаат големо влијание на квалитетот на грозјето ширум светот. Заради жештините некои созреваат рано, бербата се одвива порано и виното содржи поголемо количество на алкохол или различен вкус. Мора да најдеме начин да ја анализираме и прилагодиме производството на вино“, истакна Атингер.

Микровинаријата користи многу мали количини на течности и произведува неколку милилитри вино на час, што овозможува брзо тестирање на различните вкусови и врсти на вино. Сокот од грозје тече низ главната цевка на апаратот. Квасецот се наоѓа во блиските одделци и влегува во главната цевка низ ултратенка мембрана со нанопори.

Потоа квасецот го апсорбира шеќерот и произведува алкохол и јаглен-диоксид, кој го испушта низ мембраната.

Научниците во 2015 година открија дека клучната улога во единственоста на националните вина е токму квасецот, а не видот на грозјето, климата или временските услови. Квасецот има генетички својства кои се специфични за одредена географска област и затоа влијае на вкусот на одредена врста на вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *