Еден од најпознатите винари меѓу музичките звезди, голем заговорник на органско и природно-Стинг, во Тоскана купи виногради со сопругата Труди Стилер и ја основаше винаријата Палагио, произведувајќи и маслиново масло и мед.
Првото вино кое излезе со етикета од Палагио беше биодинамичката купажа санџовезе,мерло и каберне наречена по неговата песна Sister Moon.Со ознака ИГТ, пред да стигне до купувачите по цена од околу 60 долари, виното одлежувало во француски даб цела година, а Wine Spectator веднаш му додели 93 поени, што се заедно резултираше со тоа бербата 2007 да се распродаде веднаш.
Винаријата на Стинг на пазарот пушти во продажба уште две вина Casino delle vie – Колиба покрај патот и When we dance – славна песна на Стинг. Сега некако сите очекуваат и винце со назив – Message in the Bottle!