„Само мој“ нов летен хит на Наташа Малинкова

Наташа Малинкова има нов летен супер хит. Песната која од пред неколку часови може да се најде на фејсбук и на јутуб се вика „Само мој“, и е само продолжение на успешната соработка која кавадаречката поп дива ја има со Зоран Алексиќ и Столе Аврамов чии потписи стојат во генералиите на песната.

Музиката е дело на Зоран Алексиќ, текстот е на Столе Аврамов, а аранжманот е заеднички на двајцата продуценти кои се долгогодишни соработници на Малинкова.

Освен со новата песна, Малинкова на радост на своите бројни фанови изработи и сет од неколку провокативни фото сесии, од кои дел веќе се објавени на нејзината официјална фејсбук страница https://www.facebook.com/natasamalinkova1/

Во продолжение слушнете ја „Само мој“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *