Дропчето е одлично јадење и многумина од нас уживаат во неговиот вкус. Ви препорачуваме да го направите со сос од бело вино и да уживате во пофалбите за одличниот ручек.
СОСТОЈКИ:
500 гр свинско дропче
2 главици кромид
1 лажица брашно
1 лажица вегета
3 чешниња лук
2 главици кромид
150 гр свежи печурки
масло
бело вино
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се сече дропчето на долги парчиња, па го пржиме на тава со масло заедно со печурките, лукот и кромидот кои претходно ситно сме ги исечкале.
Ставаме вегета во садот, па потоа и бело вино и оставаме да се динстаоколу триесетина минути.
Брашното и павлаката се мешаат во сад настрана и со нив се полева дропчето кога се сервира во чинија.