Шише вино продадено за 15500 долари

Околу 2000 шишиња бургундец од визбите на француската винарија Бушар татко и син, меѓу кои и вино од берба во 1846 година продадени се на аукција организирана денеска во Хонг Конг.
Шишето Мерсо-шарм од 1846 година го купил за 15577 долари, што е далеку над проценката, анонимен купувач по наддавање кое во живо го организирала аукциската куќа Кристи.

Тоа е најстарото шише сочувано во визбата на угледната Винарија Бушар татко и син, основана во 1731 година, која чува повеќе од 150000 шишиња од 19 век.
Хонг Конг кој ги укина царинските бариери за увоз на вино во 2008 година стана место за влез на француските вина на кинескиот пазар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *