Виното од сортата „Вранец“ на винаријата „Сковин“ е прогласено за лауреат на годинашното издание на стопанско-туристичката манифестација „Тиквешки гроздобер“.
Ова е највисокото признание годинава кое го додели Комисијата за оценка на кивалитетот на вината застапени од страна на винариите. Од црвените вина златна награда освои виното „Вранец“ на винаријата „Стефанс“ од Кавадарци, а златна награда од сортата „Каберне“ и беше доделена на винаријата „Антигона“ од Неготино.
Златна награда од сортата „Темјаника“ на Тиквешкиот Гроздобер освои винаријата на средното општинско земјоделско и шумарско училиште „Ѓорче Петров“, додека златна награда за сортата „Шардоне“ доби винарија „Стефанс“, која ја доби и главната златна награда за вино од сортата розе.
Од белите вина според комисијата составена од професорот Коцо Попов од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ и енофили од Здружение „Винотек“, главна златна награда за вино „шардоне“ доби винаријата на АД „Гоце Делчев – Тиквеш“ која ја доби и златната награда за сортата „траминец“, додека златна награди доби виното „шардоне“ на „Антигона“ Неготино. Во категоријата бели вина оваа винарија доби сребрена награда за сортата „Р’кацители“.