Пенливото вино секогаш се поврзува со некоја свеченост или прослава. Но, тоа не значи дека не може да уживате во неговиот вкус било кога и било каде.
За комплетно задоволство и уживање, денес ве запознаваме со идеалниот начин за послужување на пенливо вино.
ЛАДЕЊЕ ПРЕД ПОСЛУЖУВАЊЕ
Пенливото вино секогаш се послужува на температура помеѓу 6 и 9 Целзиусови степени. Наједноставниот начин да се постигне оваа температура е да ја наполните корпата за мраз до половина со мраз, а остатокот со вода и да го ставите шишето пенливо вино во неа триесетина минути.
ОТВОРАЊЕ НА ШИШЕТО
Прво отстранете ја фолијата околу тапата. Внимавајте при тоа да не го отстраните и жичаниот затворач. Потоа со едната рака фатете ја тапа и жичаниот затворач, за другата полека вртете го шишето, при тоа внимвајќи да не ја вртите тапата. Со вртењето на шишето, самата тапа ќе попушти и многу лесно ќе може да ја тргнете.
СИПУВАЊЕ ВО ЧАША
Ова е можеби и најзабавниот чекор. Често се служува при послужување пенливото вино да ни претече од чашата поради меурчињата на виното. За да не дојде до несакана поплава или уништување на романтичен момент со бришење и чистење, применете ја следнава техника. Сипете околу еден и пол сантиметар во секоја чаша. Почекајте меурчињата да се смират. Потоа продолжете со сипување дури не се наполнат две третини од чашата. Не полнете повеќе од тоа бидејќи повторно може да се направат меурчиња и пена, а со тоа и неред. За пенливо вино секогаш се користат тенки и високи чаши со издолжено постоље.
ЧУВАЊЕ НА ОТВОРЕНО ШИШЕ ПЕНЛИВО ВИНО
Доколку остане пенливо вино во шишето, не ја враќајте тапата назад. Многу се големи шансите дека доколку ја вратите, ќе се заглави и нема да можете да ја извадите пак. Постојат специјални затворачи за шише пенливо вино. Тие се најдобри за чување на отвореното вино. Доколку немате такви затворачи, оставете го шишето отвoрено во фрижидер. Доколку шишето стои отворено, пенливоста на виното може да се изгуби за еден до два дена.
Веруваме дека со Römer Krönung semi-dry пенливото вино нема да имате потреба од грижа како да ја чувате отворената флаша. Комбинацијата на најдобрите вина од секоја поединечна берба го создава уникатниот пенлив вкус, кој ги скотка сите ваши сетила.
Сега кога имате идеалниот начин за послужување, уживајте во класиката на Römer Krönung заедно со најблиските.