Засилени контроли кај откупувачите на грозје

Државниот инспекторат за земјоделство во наредниот период ќе врши засилени постојани контроли кај сите регистрирани откупувачи на грозје, најави директорот на Инспекторатот Цветан Трипуновски по вчерашните разговори со откупувачите и лозарите во Неготино.
За таа цел, како што соопштуваат од Инспекторатот за земјоделство, се формирани посебни тимови со над 30 инспектори, кои постојано ќе ја контролираат работата на секој регистриран откупувач.
Инспекторатот предупредува дека винарниците, односно регистрираните откупувачи на грозје, при откупот особено е важно да обрнат внимание на цената на грозјето изразена во шеќерни единици. За да може да се контролира дали цената е во согласност со шеќерните единици инспекторатот набави и широмери за контрола на шеќерните единици. Одржана е и кратка обука на инспекторите за нивна употреба.
За успешно одвивање на откупот на грозјето, секоја неправилност може да се пријави и на бесплатната телефонска линија 0800 11 000.
Засилени контроли Државниот инспекторат за земјоделство најавува и при откупот и на преостанатите производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *