Многу сакаат добра чаша вино на крајот на денот, но за околу 500 милиони луѓе во светот, ова и не е толку многу забавно искуство со оглед на тоа што тие се алергични на виното. Искуството е слично како да имате поленска треска која се манифестира со иритација на очите и со кивање. Неодамна една група од научници од Универзитетот на Јужна Данска открија точно која супстанца од виното е одговорна за појавата на алергијата.
Станува збор за е еден вид на гликопротеин кој е, исто така, одговорен и за појавата на други алергиски реакции како на пример оние на полен и прашина. Овие молекули се составени од шеќер и протеин поврзани еден со друг. Гликопротеините се навистина важни во животот – тие се наоѓаат во клеточните мембрани, некои важни хормони претставуваат гликопротеини, но исто така играат важна улога во имунолошкиот одговор на организмот. Всушност еден вид на гликопротеини кој се наоѓа на надворешната страна на една патогена бактерија му помога на имунолошкиот систем да ја идентификува.
Тимот предводен од Guiseppe Palmisano испитувал италијански вина со користење на масена спектрометрија за да провери дали присутните гликопротеини може да се предизвикаат алергиски реакции. Тие идентификувале 28 различни гликопротеини во анализираните вина, кои потекнуваат или од грозјето или се синтетизирани во процесот ферментација на виното. Многу од детектираните гликопротеини се слични според структурата на оние познати од други растенија и овошја за кои се знае дека предизвикуваат алергиски реакции.
Имајќи ги овие информации предвид научниците сметаат дека ова може да биде чекор кон создавање на вина кои во иднина би предизвикувале многу помалку алрергиски реакции од постојните. Сепак ова може и да не претставува почеток на решението на алергиските реакции предизвикани од виото, посебно ако во иднина се покаже дека истите гликопротеини некои од овие гликопротеини се, всушност, одговорни за некои од користните својства на вината.