Напитокот од лук не звучи баш како вкусно, но кога ќе видите колку лесно се подготвува и за какви се тегоби помага, и вие ќе посакате да го имате во вашата кујна.
Корисен е за исфрлање на солта и наслагите на сол во организмот, ја подобрува работната способност на организмот и го чисти од вируси, инфекции и бактерии, ја чисти крвта, го зајакнува имунитетот, крвните садови и работата на срцето.
Исто така, ги отстранува вишокот масти и го подобрува метаболизмот. Можете да го користите и за женски болести и воспаленија, а покрај се што е наведено, го чисти целиот организам од штетни наслаги.
Подготовка:
1. Во стаклена тегла ставете 12 чешниња лук и секое исечете го на 4 дела.
2. Прелијте со половина литар црно вино.
3. Затворете ја теглата и оставете ја покрај прозор, на сонце, две недели.
4. Секој ден протресувајте 2-3 пати.
5. После две недели процедете и префрлете ја течноста во темно стаклено шише.
Напитокот треба да се консумира 3 пати на ден и тоа по една лажичка во текот на еден месец, а постапката може да се повтори после 6 месеци.