Се подготвува јубилејниот, 10ти Виноскоп

Од 28 септември до 02 октомври во центарот на Скопје, традиционално ќе се одржи фестивалот кој ги слави виното и музиката- Вино Скоп 2016.
Десет години, градот Скопје секоја есен ужива во боите и вкусовите на македонското вино и деликатеси кои одлично одат во комбинација со добра чаша квалитетно вино, а годинава јубилејно ќе го прославиме десеттото издание на најпознатиот вински фестивал.

Од организацијата по повод јубилејот ветуваат весела музичка програма, учество на над 20 винарии како и многу други забавни активности со кои ќе се одбележи десетиот роденден на Вино Скоп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *