Од патриотизам, русите почнаа да пијат вино

Не многу одамна виното во Русија се сметаше во суштина како скап увозен производ, сепак поради тензиите меѓу Москва и Западот потрошувачката на вино во Русија се претвори во чин на патриотизам.

роизводството на руско вино по започнувањето на конфликтот во Украина само во 2015 година скокна за 25%, се вели во извештајот на руската групација за истражува Ciffra, пишува „Вол Стрит Џурнал“.
Кризата ќе ја измени винската карта на Русија
Винарите велат дека пијалакот не ја губи својата популарност и годинава. Водечките руски бизнисмени инвестираат во домашни производители на вино. А руските љубители на вино можат да се пофалат дека нивните вина кои, како што се смета, заостануваат зад европските, најдоа нови почитувачи.

Кога Крим и припаѓаше на Украина, локалните винари се најдоа во потешкотии поради отсуството на инвестиции. Меѓутоа, по присоединувањето на Крим кон Русија властите, обидувајќи се да ја обноват винарската индустрија на регионот, почнаа да ги лозјата на приватни инвеститори. И макар што кримското вино има само мал удел во вкупниот обем на производство на вино во Русија, полуостровот во најскоро време, како што се очекува, ќе стане еден од најбрзо растечките вински региони во земјата.

Во август минатата година министерот за земјоделство на Русија Александар Ткачев предложи да се зголемат царинските давачки, правејќи го на тој начин непрофитабилен увозот на вино во Русија, пишува „Взгљад“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *