Пробајте печен компир во бело вино

Одличен прилог со скара, но може да е и оброк сам по себе.

Овој рецепт за печен компир во рерна пристигнува од португалската кујна, а се надеваме дека ќе ви се допадне.

Состојки:

1 килограм компири (најдобро би било доколку се млади)
2 големи главици црвен кромид
500 грама домати
6 – 7 лаворови листови
150 милилитри бело вино
100 грама путер
Маслиново масло
Сол и бибер
Подготовка:

Земете доволно длабок плех во кој ќе можете да го наредите компирот на два слоја. Измачкајте го со путер (никако со маргарин).

Исечете го компирот на еднакви парчиња и кромидот на кругови.

Во плехот наредете еден слој компир, па слој кромид и ставете го лаворовите листови. Полијте ги првиот слој со маслиново масло и додадете коцки путер. Потоа прелијте со бело вино и повеќе бибер како и морска сол.

Убаво протресете и додадете уште еден слој компир и кромид и зачинете. Затворете го плехот со алуминиумска фолија и печете околу еден час на 190 степени.

Исецкајте ги доматите на дебели кришки и наредете ги врз компирите, затворете со фолија ставете ја рерната на 220 степени и печете околу 15 минути. На крај симнете ја фолијата и печете уште 15 минути додека површината на доматите да се карамелизира.

Послужете директно од плехот во кој го печевте компирот.

Имајте добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *