Кралско вино и биста на Шекспир за „Барбери“

Гостите на ревијата на “Барбери” што се одржа завчера, на Модната недела во Лондон, беа пречекани со чаша пенливо вино место со шампањ, што најчесто се служи на овој настан.

Се служеше “нјетимбер”, квалитетно и скапо пенливо вино што вообичаено го служи кралицата Елизабета Втора, а не француски шампањ, за да се истакне дека ревијата на “Барбери” го слави сето она што е британско, а не е начин да се имитира францускиот или италијанскиот пристап кон модата.

Исто како што одгледувачите на лозови насади во Англија веруваат дека глобалното затоплување ќе ги направи кредестите карпи Саут-Даунс конкуренција на француските лозја, така и луѓето во “Барбери” веруваат дека брендот може да биде најуспешен со истакнување на британскиот пристап кон стилот.

Место само да зборува за наследството, “Барбери” го покажа тоа на дело.

Затоа на ревијата имаше бисти на познати Британци, од Шекспир, па сe до кралицата Викторија и Алфред Хичкок, како и изложени историски нацрти, луксузни тапети што ги користел брендот во текот на изминатите години, фотографии од Винстон Черчил во своите млади години, па дури и мантил на “Барбери” од 1920 година што може да се носи и денес.

6c9c1c8febdb2f4697ee714623244fd7

Ваквото изобилство на британски предмети уште повеќе го забрза чекорот кога започна ревијата со креации создадени врз основа на модерни варијации на познатиот мантил, за кој креативниот директор Кристофер Бејли верува дека лежи во срцето на брендот.
Тој вели дека мантилот е парче облека што ја надминува разликата меѓу половите.

Мантилот го има централното место и во колекцијата инспирирана од романот “Орландо” на Вирџинија Вулф, во кој еден поет го менува полот и станува жена.

“Отсекогаш сметам дека мантилот е парче облека што не е карактеристично само за мажите или само за жените”, рече Бејли по ревијата.

“Мажите го носат. Жените го носат и децата го носат. Мантилот е карактеристичен за класичниот и конзервативен изглед, но и за модерните стилови. Јас секогаш го користам мантилот како појдовна точка за сe и затоа е застапен во оваа колекција. Почнувајќи од книгата ‘Орландо’, се чини дека сe си доаѓа на свое место”.

640de15834244b439d265a8234519ffc

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *