Кинезите ќе одгледуваат грозје во вселената

Со цел да направи светски наградувано вино, Кина се обидуваше да одгледува лозје во подножјето на Тибетската висорамнина, пустината Гоби и камените слапови на провинцијата Нинџиа. Сега, кинеските лозари имаат нова дестинација на ум – вселената.

Кога најновата вселенска лабораторија на Кина, Тиангогн-2, беше лансирана во вселената минатата недела, во неа имало и селекција лозје од кое се произведува каберне совињон, мерло и пино ноар.
„Кинеските научници се надеваат дека растењето на лозје во вселената ќе предизвика мутации во грозјето, кои ќе го направат поимуно на сурова клима во некои од лозарските региони во пораст во Кина“, јавува DecanterChina.com, веб страница посветена на локалната индустрија на вино.

Ниските температури и неплодната почва се некои од најсериозните предизвици со кои се соочуваат производителите на грозје во регионите како Нингџиа, осиромашен регион во Кина, каде преку зима температурите опаѓаат и до -25 степени Целзиусови.

Според кинеската веб страница, истражувачите се надеваат дека изложеноста на „вселенска радијација“ може да предизвика генетски промени во лозјето, со што ќе може да развие „нов отпор на студ, суша и вируси“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *